Колачиња·Аналитика
Политика за колачиња
Колачињата се мали датотеки што сајтот ги зачувува во вашиот прелистувач. Тука се сите колачиња што ги поставува veb.mk, зошто и колку траат.
01Колачиња на veb.mk
| Колаче | Кој го поставува | Зошто | Трае |
|---|---|---|---|
vebmk-session | Веб.мк | Ја чува сесијата за формуларите и за најавата во администрацијата. Неопходно. | 2 часа |
XSRF-TOKEN | Веб.мк | Ги штити формуларите од лажни барања од други сајтови. Неопходно. | 2 часа |
bs_vid | Веб.мк, разговор | Случаен број што ја поврзува посетата со разговорот и пораката до нас. | 1 година |
bs_vt | Веб.мк, разговор | Клуч што го штити вашиот разговор од туѓ пристап. Скриптите на страницата не можат да го прочитаат. | 1 година |
_ga, _ga_LPEDLV4XJM | Google Analytics | Разликува посетители за статистика на посетите. Само ако се согласите во лентата за колачиња. | 2 години |
02Што мериме без колачиња
- Umami, нашата аналитика на нашиот сервер, брои посети без колачиња и без да ја чува вашата IP-адреса.
- На страниците со копчето за разговор сајтот пресметува и технички отпечаток на прелистувачот, за да го поврзе разговорот со посетата. Што точно се пресметува и колку се чува, е опишано во Политиката за приватност.
03Како да ги контролирате
- Google Analytics се вклучува само ако кликнете „Прифати“ во лентата за колачиња. Изборот го чуваме во вашиот прелистувач 6 месеци и можете да го промените во секое време: Промени го изборот за колачињата. Ако одбиете, ги бришеме и колачињата
_gaод претходни посети. - Колачињата можете да ги избришете или да ги блокирате и во поставките на прелистувачот. Без неопходните колачиња формуларите на сајтот нема да работат.
- Google Analytics можете да го исклучите за сите сајтови со додатокот на Google: tools.google.com/dlpage/gaoptout.
Последна измена: 2 ноември 2026