//Услуга 08 · Аналитика и извештаипо понуда
Бројки што ви кажуваат што работи, а што не.
Поставуваме мерење на сајтот што ги почитува правилата за колачиња, бројиме тоа што ви е важно (повици, пораки, нарачки) и ви праќаме извештај што се чита за пет минути.
//Што добиватепо понуда
Аналитика и извештаи: што правиме.
01
Поставување
Google Analytics и Search Console, со банер за согласност.
02
Цели
Клик на телефон, испратен формулар, нарачка, закажан термин.
03
Извештај
Месечен преглед: посети, извори, цели и што се променило.
04
Табли по мерка
Контролна табла од вашите продажни или деловни податоци, по потреба.
//За кого е
Оваа услуга е за вас ако:
- Плаќате реклами, а не знаете дали носат клиенти.
- Имате сајт, а не знаете дали некој го гледа.
- Сакате бројките од продажбата на едно место.
//Како работиме4 чекора
Од разговор до систем што работи.
- РазговорНи кажувате како работите денес и што сакате да се промени.
- Предлог и ценаДобивате конкретен предлог и цена пред да почнеме, без обврска.
- ВоведувањеПоставуваме, поврзуваме и проверуваме, а вам ви покажуваме како се користи.
- ГрижаСледиме дали работи како што треба и менуваме кога ќе ви затреба.
//Чести прашања
Што нè прашуваат најчесто.
Дали мерењето бара согласност од посетителите?
Да, за колачињата на Google Analytics. Поставуваме банер за согласност, како на veb.mk, и мерењето почнува дури по „Прифати“.